
Mанастирското ехо на свети Архангел Михаил доаѓа од карпестата утроба на Марковите кули и Варош, точно на местото каде што овие два географски и културни топоними ја започнуваат својата заедничка потрага по поинакви, вонисториски, духовни простори. Исклесан во карпестиот пејзаж, со огромна внимателност да не се повреди она што Бог преку природата му го дарил на човекот, манастирот достоинствено и тивко го споделува она што било на дофат на неговиот поглед.
Веќе десетина векови од манастирот се слуша ехото на неговиот повик. Нежните облици на манастирот кои чудесно се движат по природните карпести навидум груби засеци, хоризонтот што се отвора пред оној кој се искачил до него, најубавиот поглед кон Пелагонија која е како на дланка, се недоволни да се разбере овој повик доколку не се зачекори кон срцето на манастирот - манастирската црква. Влезот во неа е влез во себе и во најскриениот дел на олтарот на срцето.

Лаванда
|
{{variant.name}}:
|
{{opt.name}}
{{opt.name}}
|
Користејќи традиционална техника на дестилација која ги вклучува искуствата на историските преданија дестилираме органски одгледани цветови од лаванда, Lavandula Angustifolia var. Vera, L. officinalis, со што се сочувува био- динамичката енергија на растението. Во оваа категорија може да се најдат чисти, природни, манастирски производи: есенцијално масло, хидролат, цветови од сува лаванда, масти, сапуни, тинктура, прополис и други суплементи што природно го зајакнуваат телото и емоциите.