Манастир

СВ. Архангел Михаил

Mанастирското ехо на свети Архангел Михаил доаѓа од карпестата утроба на Марковите кули и Варош, точно на местото каде што овие два географски и културни топоними ја започнуваат својата заедничка потрага по поинакви, вонисториски, духовни простори. Исклесан во карпестиот пејзаж, со огромна внимателност да не се повреди она што Бог преку природата му го дарил на човекот, манастирот достоинствено и тивко го споделува она што било на дофат на неговиот поглед.

Веќе десетина векови од манастирот се слуша ехото на неговиот повик. Нежните облици на манастирот кои чудесно се движат по природните карпести навидум груби засеци, хоризонтот што се отвора пред оној кој се искачил до него, најубавиот поглед кон Пелагонија која е како на дланка, се недоволни да се разбере овој повик доколку не се зачекори кон срцето на манастирот - манастирската црква. Влезот во неа е влез во себе и во најскриениот дел на олтарот на срцето.

Your Accordion Page
Преданието за манастирот започнува во 10 век кога анонимен ученик на свети Климент Охридски се населил во некоја од карпите за да живее и да се подвизува. Неговото име не го знаеме, но и денес местото околу манастирот се нарекува кај Светецот. Црквата е изградена на старо култно место, а за нејзината градба биле исползувани и мермерни столбови од антиката. На едниот од нив е вклесан натпис со кирилично писмо од 996, кој е втор таков по својата старост во Македонија.

Црквата помеѓу 11 и 13 век е градена и разрушувана. Постои трага само од северниот ѕид каде се уште стојат фреските, од 12 век. Од тоа време останале и фрески во подземјето на црквата кои изобразуваат тунел. Ктиторската фреска, на која е претставен светителот на црквата, свети Никола кој ги води ктиторите кон престолот на Христос, е репрезентатевен пример на византискиот фрескоживопис. Кон крајот на 13 век големиот хартулариј на Запад, Jован повторно ja изградил црквата и ја посветил на свети Архангел Михаил. Од претходната градба останал само мал дел, па можеме да заклучиме дека таа е целосно негово ктиторско дело. На западната страна е насликан како ктитор на црквата, кој во раката го држи незиниот образец.

Насликан е како великосхимник, а од натписот на фреската дознаваме дека тој се замонашил во манастирот. Во црквата се забележуваат траги од богат фрескоживопис на кој им е дадено предимство на монашките ликови, чие претставуванье било поттик за монашката заедница која живеела во тоа време. На влезот од црквата не пресретнува ликот на една од најважните историски личности за Прилепско-пелагонискиот регион - Кралот Марко, познат како последниот крал во областа. Тој и неговиот татко Волкашин, чиј лик е исто така претставен, се обновители на црквата. Во нивно време биле изградени и обновени 77 цркви. Низ историја неколку пати црквата е обновувана, а конакот е изграден во 1861-62 година според традицијата на тоа време.

Длабоко вплетен во секојдневието и препознаен од дамнина како блиско и пријателско уточиште за секого, во манастирот и денес се живи традициите на две мананастирски слави: свети Архангел Михаил (21/8 Ноември) и Светол Петок - Животоносен Извор на Животот. Во 1998 година, во манастирот, после долговремена стивнатосте возобновена монашко сестринство, кое е сведок за Светињата и за Нејзиниот одраз на секој што доаѓа во него. Таа е чувар на континуитетот, но и одговор за сите траги од актуелниот миг.

Како богољубиво послушание, пред сѐ, е секојдневната молитва, а потоа во ракотворение - изработка на икони во традиционална техника, со позлата од 24-каратно злато и природни бои, рачно изработени свеки од природен пчелин восок и други ракоделија во ракотворната работилница на манастирот Варош. Врежан на благословените карпи како прва лубов која посакува вечност секој поклоник, посетител или странец е пречекан и испратен со изобилство на благослови.

Манастир Варош

Како богољубиво послушание, пред сѐ, е секојдневната молитва, а потоа во ракотворение - изработка на икони во традиционална техника, со позлата од 24-каратно злато и природни бои, рачно изработени свеки од природен пчелин восок и други ракоделија во ракотворната работилница на манастирот Варош.

 

Врежан на благословените карпи како прва лубов која посакува вечност секој поклоник, посетител или странец е пречекан и испратен со изобилство на благослови.

Handycrafts

{{variant.name}}:
{{opt.name}}
{{opt.value ? '' : opt.name}}
{{opt.value ? '' : opt.name}}
Опис

Handycrafts and products which are mainly produced by the nuns. Handicrafts like prayer ropes and crosses, frankincense, aromatic oil, candles, myrrh and other products. 

Monks greatest concern is their spiritual duties. As a result, the products in the monastery workshop are produced without haste and only in the monastic spare time.

That's why they are available in limited quantities according to the season.

Изработки